На Македонска берза за хартии од вредност, беше остварен промет во износ од 10.064.630,82 денари.
На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на Комерцијална банка АД Скопје, втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Стопанска банка АД Битола, а трета беше акцијата на Алкалоид АД Скопје.
Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М десетта емисија . Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 91,00 % и беа остварени 309.686,07 денари.
На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Алкалоид АД Берово со која беше остварен промет во износ од 3.810.000,00 денари, по просечна цена од 15.000,00 денари.
Пет најтргувани хартии од вредност се акциите на Алкалоид АД Берово, Македонски Телеком АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола и Алкалоид АД Скопје.
извор: Makfaks