Акциите на Охридска Банка, во текот на последното  берзанско тргување во текот на овој месец  изнесуваа  1.101 денари. Цената на акциите се движи на  слично ценовно рамниште изминатите 4 месеци, откако го доживеа својот пад на средината на јануари 2012 година, кога една акција од оваа банка изнесуваше 1.220 денари. Ова е за околу 270 денари помалку од највисоката цена која во последните шест месеци  ја достигна оваа акција.

Највисоката цена,  што акцијата на Охридска банка ја постигна лани, според податоците на Македонската берза е регистрирана  на 27-ми април 2011 година или 1.799 денари денари, а најниската, според статистичките показатели е евидентирана на 6-ти декември 2011 година, кога изнесуваше 1.220 денари.

OhridNews