Викендов Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведе акција за сечење на суви дрва кои се наоѓаат на прометни локации во градот и истите претставуваат опасност во движењето на пешаците и автомобилите.

Како што информираат од претпријатието, стеблата од дрвата биле исушени, без знаци на вегетација, па затоа службите од претпријатието од раните утрински часови пристапиле кон отстранување на истите.

Отстранети се три стебла и тоа: покрај коловозот во близина на влезот кај  „Горна Порта„, потоа од тротоарот на ул.„Булевар Туристичка„ (пред „Тим„ маркет)и едно стебло во близина на гимназијата „Св.Климент Охридски„.

Од ЈП „Комуналец“ најавуваат дека со вакви акции ќе продолжат и во наредниот период, пред се поради фактот што во неколку наврати при силно невреме се скршени неколку дрва, што за среќа поминало без поголеми последици. Оттаму, ја потсетуваат јавноста и еколошките друштва за итноста од реконструкција на дрворедите покрај некои сообраќајници, каде голем дел од стеблата се иструлени.  

OhridNews