Избрани најдобрите творби на конкурсот „Ветерот и капките дожд танцуваат, кралицата есен ја прославуваат“ кој го распиша Општина Охрид. Oвој еко проект е во соработка со основните училишта на територијата на Општина Охрид заради одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента 23-ти септември.

Од пристигнатите литературни творби награди освоија:
- Прва награда во висина од 7.000,00 денари Андреа Милеска 12 години, ОУ„Кочо Рацин“ Охрид
- Втора награда во висина од 5.000,00 денари, Филип Темелков V-то одделение, од ОУ„Григор Прличев“, Охрид
- Трета награда во висина од 3.000,00 денари, Теодора Стојаноска, 8 години, од ОУ„Св. Наум Охридски“ с.Пештани, Охрид
Од пристигнатите ликовни творби награди освоија:
- Прва награда во висина од 7.000,00 денари Александра Шуканова, 13 години, од ОУ „Св. Климент Охридски“, Охрид
- Втора награда во висина од 5.000,00 денари Емилија Спасеска, 11 години, од ОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец, Охрид
- Трета награда во висина од 3.000,00 денари Хана Петреска, I –во одделение години, од ОУ „Св. Наум Охридски“ с. Коњско, Охрид
Се молат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при Општина Охрид, на ул. Димитар Влахов бр.57, Охрид, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот, посочуваат во соопштението.
OhridNews











