
Од „Проаква“ ги предупредуваат должниците дека трошоците за повторно приклучување на водоводната мрежа ќе бидат на нивни товар.
Јавното претпријатие се соочува со недоволна наплата на сметките за потрошена вода и за канализација и колектор, а особено таа појава е изразена во општина Струга кеде се бележат и најголем број од случаите на диво приклучување на водоводната мрежа. Поради ваквите проблеми „Проаква“ има проблеми со рентабилноста, што сериозно го загрозува опстанокот на јавното претпријатие.












