Се врши исклучување и на стамбени објекти кои бесправно користат вода од хидрантите за наводнување на паркови и зеленила , како и на сите таканаречени диви приклучоц и кои еднаш веќе биле исклучени од системот за водоснабдување ,а потоа повторно бесправно се вклучиле. Тие ќе бидат исклучени дирекно од главната линија со специјална механизација.
– Трошоците за исклучување и повторно приклучување ќе бидат на товар на потрошувачите. За сторителите на вакво дело покрај исклучувањето,следат соодветни казнени мерки, а против одредени сторители веќе се поднесени соодветни пријави и истите се казнети, информираат од Проаква, додавајќи дека се врши исклучување и на сите корисници кои не го почитуваат склучениот Договор за исплата на долгот на рати, за што претходно биле опоменати.
Мобилните екипи ќе вршат исклучување од системот на водоснабдување и на сите корисници кои ненавремено ги плаќаат сметките за потршена вода и канализација.