Акција за исклучување од системот за водоснабдување
30.07.13 13:40
Oд МЈП-Проаква Р.Е.Водовод –Охрид ги известуваат сите правни и физички лица корисници на водоснабдителниот систем, дека согласно Законските одредби, мобилните екипи на претпријатието вршат исклучување од системот за водоснабдување на оние корисници кои имаат извршено приклучување на водоводната и канализационата мрежа без одобрение за приклучок и вршат бесправно користење на вода.
Се врши исклучување и на стамбени објекти кои бесправно користат вода од хидрантите за наводнување на паркови и зеленила , како и на сите таканаречени диви приклучоц и кои еднаш веќе биле исклучени од системот за водоснабдување ,а потоа повторно бесправно се вклучиле. Тие ќе бидат исклучени дирекно од главната линија со специјална механизација.
– Трошоците за исклучување и повторно приклучување ќе бидат на товар на потрошувачите. За сторителите на вакво дело покрај исклучувањето,следат соодветни казнени мерки, а против одредени сторители веќе се поднесени соодветни пријави и истите се казнети, информираат од Проаква, додавајќи дека се врши исклучување и на сите корисници кои не го почитуваат склучениот Договор за исплата на долгот на рати, за што претходно биле опоменати.
Мобилните екипи ќе вршат исклучување од системот на водоснабдување и на сите корисници кои ненавремено ги плаќаат сметките за потршена вода и канализација.
Од денес до 27-ми октомври е отворена за посетители изложбата „Стари балкански фотографии“ преку соработка на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид и Државен архив на Република Македонија Изл...
Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 2,5 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денари, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика Согласно одлу...
На 18102026 во 03:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во ноќен клуб во Охрид, едно лице физички нападналo 39-годишно лице од Охрид Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.