ЈП “Охридски Комуналец” во сабота (22 октомври) ќе спроведе акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) и зелен отпад со која ќе бидат опфатени улиците: “Винковачка”, “Прилепска”, “Будва”, “Кленоец” и други споредни улици од овој реон.

Граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад, да го извадат најдоцна до 10 часот на места кои се лесно пристапни за возилата на јавното претпријатие или до контејнерите, со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон  на претпријатието  за да може вработените од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

OhridNews