Во рамките на одбележувањето на 5-ти јуни- Светскиот ден за заштита на животната средина, Општина Охрид во соработка со основните и средните училишта од Охрид, денес, организира акција за собирање на стара хартија. Акцијата ќе се одвива од 8 до 17 часот.
Акцијата за собирање на стара хартија наменски се организира на крајот од школската година за да можат учениците да ги донесат сите непотребни списанија , тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште, каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции од Охрид, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до, за нив, најблиското училиште.
Целта на активностите што ќе се реализираат во рамки на „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.