Денеска во периодот од 11 до 14 часот, граѓаните кои имаат стар и неупотребуван отпад од електрична и електронска опрема ( компјутери, принтери, мобилни телефони, полначи, телевизори, фрижидери, пегли и сл. ), ќе можат да го остават во контејнер на паркингот кај поранешниот полигон за мали спортови.

Настанот кој оваа година ќе се одвива под мотото „Македонија без отпад“, го организираат Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“.

OhridNews