Имено, голем дел од боровата шума и насадот од бадеми во овој дел од градот се соочуваат со исушување, а причина е ширењето на бршленот-зимзелено растение кое се нафаќа врз боровите и бадемовите стебла, кој потоа брзо се шири.
Акцијата предвидува рамно остранување на бршленовите стебла. Заради зафатеноста со овој паразитски вид, потребни се повеќе акции за целосно остранување на опасноста која и се заканува на целата шума.
Организаторите на акцијата ги повикуваат сите граѓани , вљубеници во природата да земат масовно учество во акцијата, која ќе започне на 16- ти април, сабота, пред влезот на Самуиловата Тврдина.