– Од Страна на Проаква со две црева со капацитет од 400 литри во минута 8 часа непрекинато испуштавме нехлорирана вода од прва категорија во каналчето. Нискогрдба исто така со две цистерни кои ги испушти во каналчето помогна во спасување на плашиците. Вработените во Комуналец помогнаа да се остранат дрвата и други препреки.-информираат спортските риболовци.
Целта на акцијата е преку дотур на чиста вода да се внесе кислород во барата и плашиците да не се гуши и умира. Исто така од страна на Заводот за здравствена заштита земени се нови примероци на вода , а по завршување на анализите ќе се знае степенот на евентуалното загадување предизвикано од застојаната вода.
Во текот на утрешниот ден со дозвола на ветеринарен инспектор и испектор за рибарство ќе биде направен о бајпас преку којзаробената риба од каналчето ќе се врати во каналот Студенчишта.