
-Нашиот познат писател Ванчо Николески својот богат литературен опус го насочи кон децата и младите, отсликувајќи го времето на тешките денови на антифашистичката борба и судирот со тешкотиите на изградбата на нашата држава Македонија. Со своите дела остави длабоки траги во свеста на младите и сите други генерации, за односот кон работата, самоодрекувањето, кон патриотизмот и љубовта кон татковината.Неговиот книжевен опус го подигна и него во национални и меѓународни рамки, но и Охрид во кој што беше искрено заљубен, како кон ризница на културата и културните дејци. Од причина што оваа 2012 г. е 100 години од раѓањето на Ванчо Николески (1912 г.) и 50 години од објавувањето на неговото најпознато и екранизирано дело ,, Волшебното самарче,, (1962 г.) цениме дека оваа наша иницијатива и јубилеи очекуваме што поскоро да се спроведат од Советот и Службите на Општина Охрид.-стои во образложанието на иницијативата што ја покрена Здружението на акцијаши „Брег на младоста“.












