Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид на 17.09.2011 год. (сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) и зелен отпад во населбата “Стар Град”.

Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад треба да го извадат најдоцна до 10.00 часот на места кои се лесно пристапни за возилата на јавното комунално претпријатие или до контејнерите, со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон 046/265-353, за да може истиот благовремено да биде подигнат, информираат од „Комуналец“.

OhridNews