Во рамки на владината програма „Здравје за сите“ чија цел е активен пристап до жителите во руралните средини, контрола на нивното здравје, навремено и соодветно лекување и препораки за превенција на здравјето, утре, екипи од охридскиот Здравствен дом ќе вршат бесплатни прегледи на жителите во селата Велмеј и Лешани.

Ќе се вршат мерења на телесната тежина, висина, крвен притисок,  шеќер и холестерол во крв, а ќе бидат давани и медицински совети, се со цел превентивно да се дејствува во однос на ризик факторите за настанување на кардиоваскуларните заболувања. 

Прегледите во село Велмеј, ќе се вршат во Здравствениот дом во селото од 9 до 11.30 часот, додека пак во Лешани ќе започнат во 12 часот и ќе траат до 14 часот.

OhridNews