Пред екот на туристичката сезона преземени се вонредни активности за генерално чистење на охридската чаршија, велат од ЈП Охридски Комуналец.

Во рамките на акцијата беше извршено темелно рачно чистење од тврдокорни наслаги и нечистотии со употреба на специјално средство за отстранување на истите Одржувањето на хигиената на најфреквентната пешачка зона во градот е од највисок приоритет за оперативните служби, посочуваат.

OhridNews