Актуелниот градоначалник на Охрид, е разочаран од негативната кампања што се води во македонската политика, поради што, како што рече, сериозно размислува дали да се кандидира за трет мандат.

-Преку глава ми е од валканите игри и многу размислувам дали да се кандидирам по трет пат за градоначалник. И јас и мојата фамилија го изгубивме здравјето и не е сеедно кога најблиските слушаат за вас невистини и конструкции кои силно одекнуваат во јавноста, изјави Александар Петрески на  прес конференција денеска, на  која одговараше на обвинувањата што на негова адреса претходно ги упати владејачката ВМРО ДПМНЕ. Сепак, додаде Петрески, ако продолжат таквите напади, може да се случи да се предомислам и по трет пат да го поразам ДПМНЕ на локални избори.

Петрески појасни дека одлуката кој ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Охрид ќе ја донесе партијата и дека тој истата ќе ја почитува.

– Никој нема ексклузивно право да се наметнува како единствен кандидат И да ми го дава тоа партијата јас не го прифаќам. Сметам дека сериозна партија треба да го истакне кандидатот кој смета дека ќе победи. Ако анлизите покажат дека друг може да победи или има подобар рејтинг јас нема да условувам и ќе ја прифатам таа одлука.-рече Петрески.

OhridNews