По повод новогодишните и божиќните празници, секретарот Димитар Спасески, денес оствари средба со поранешните секретари на Општина Охрид.
Функцијата секретар на општината е воспоставена од 2005 година соогласно новиот Закон за локална самоуправа, а лицата кои претходно ја извршувале оваа функција соогласно тогашните законски регулативи, биле претпоставени во администрацијата.
– За мене како најмлад по години и по стаж секретар, од денешната средба со нив имав можност да извлечам многу позитивни искуства од нивната тогашна работа. Веројатно и тие се соочувале со соодветни предизвици, така што од денешната средба за мене лично произлегоа многу заклучоци кои ќе можам да ги применувам во мојата понатамошна работа. Од друга страна им оддавам лично признание и благодарност за се она што направиле со својата работа и што биле дел од мозаикот, наречен општина Охрид, така што нивните дела засекогаш остануваат дел од историјата на градот Охрид, додаде секретарот Спасески.
Спасески додаде дека новата функција за него претставува и нов предизвик поврзан со воспоставување на определени стандарди во општинската администрација.
– Како секретар се соочив со низа предизвици кои не ги очекував, наидов на прилично неорганизирана администрација од која што можам да кажам дека од ден на ден со новите мерки и активности кои ги преземаме сум се позадоволен како секретар, како и од она што го добиваме како фидбек , истакна секретарот Спасески.
На поканата да присуствуваат на денешната средба се одзваа поранешните секретари- Сотир Пирузе, Никола Рилкоски, Веско Малезан, Никодин Наумкоски, Ѓуладин Ѓуладин, а од оправдани причини, поради службени патувања не беа во можност да присуствуваат Никола Рилкоски и Димитрија Вревезоски.
OhridNews