Во крајбрениот појас на Охридското Езеро има повеќе од 700 нелегално изградени објекти, а речиси секојдневно се градат нови. Вака регионалната телевизија Ал Џезеира Балканс, го започна прилогот емитуван деновиве, за состојбата со дивоградбите во единствениот регион во наата земја заштитен од УНЕСКО.

Локалното население бара итна реакција на властите, а антикорупциската комисија предлага владата да ги преземе ингеренциите од општините, за ефикасно да го реши проблемот со дивоградбите на кој укажува УНЕСКО.

Ал Џезеира: Во крајбрежјето на Охридското Езеро секојдневно никнуваат нови дивоградби

OhridNews