Баерн Минхен во реванш натпревар од 1/2 финалето во Лигата на Шампиони нема премногу избор освен победа од два разлика за пласман во големото финале. Пречка во 1/2 финалето на „баварците“ е шпанскиот гигант Реал Мадрид исто како и минатата сезона на патот од финалето им стоеше Барселона.

Тогаш „баварците“ ја „здробија“ Барселона победувајќи ја со 7-0 во вкупниот биланс, а австрискиот репрезентативец Давид Алаба потсети на тој натпревар.

– Се сеќавате како помина Барселона минатата сезона во 1/2 финалето, а тоа е благодарност на навиачите кои тогаш ни го дадоа потребниот ветар во грб. Со иста атмосфера како тогаш Реал Мадрид истото ќе го снајде вечерва – рече Алаба.

Мх.П.