Втора по ред година, Студио Кинезио и дипломираниот кинезитерапевт Јован Каланоски водат голема битка со еден од најголемите проблеми на денешно време, правилниот раст и развој на децата. Како последица на современиот начин на живот, преголемата употреба на компјутерите, недоволна спортска активност, долгите часови поминати во училишните клупи, приватните часови и уште многу други активности, слабо развиената мускулатура на децата не издржува и доаѓа до развој на деформитети кај децата.


Каква е ситуацијата со децата во Охрид?
       
-Минатата година и оваа прегледани се вкупно 804 деца во основните училишта низ Охрид, на возраст од 11-12 години. Повеќе од 600 деца имаат потреба од часови по корективна гимнастика и детски пилатес за да се корегираат некои почетоци на можни деформитети. Најчести проблеми се почетоците на кифоза и сколиоза, се среќаваат и лордозите, доста често тука е рамното стапало, а скратената мускулатура на децата веќе е во многу голем процент.Тука се и проблемите на градниот кош, но за среќа тие се во помал број. Овие мали проблеми на мускулно скелетниот систем можат да прераснат во голем сериозен проблем во иднина, затоа апелираме до сите родители да превземат мерки за да се реши овој проблем.-вели кинезитерапевтот Јован Каланоски.

Со цел намалување на деформитетите кај младата популација во соработка со Општина Охрид студио „Кинезио“ го реализира проектот за безбеден раст на децата. Тоа им овозможи на голем број деца бесплатно да практикуваат корисни вежби во Студио Кинезио.

-Се вршат прегледи  во сите основни училишта низ Охрид и во иднина ќе продолжиме со засилено темпо, со цел да се превенираат децата од можни деформитети.-истакна Каланоски.
 
Иницијатива на Студио Кинезио и OhridNews :
       
Во кампањата за намалување на деформитретите кај децата активно се вклучува и OhridNews. Во соработка со студиото Кинезио започнува кампања во рамки на која им се се овозможува децата на возраст од 10 до 13 години цело лето да вежбаат детска корективна гимнастика и детски пилатес со попуст од 40%. За да ги запишете своите деца во оваа летна иницијатива треба да пратите порака на https://www.facebook.com/profile.php?id=100002393647788&ref=tn_tnmn  или на телефонскиот број 078-422-411.

OhridNews