Кај 70 проценти од учениците во основните училишта се појавиле деформитети како резултат на слаба физичка активност, алармираат од општинската комисија за општествени односи, чиј претседател е советникот Јоне Станкоски, инаку професор по физичко образование. Овој загрижувачки податок тој им го предочил на претставнците на Синдикатот за образование, наука и култура, на состанокот што се одржал вчера.
-Потребно е да се воведе, односно, да продолжи проектот за додатни часови по физичко и здравствено образовани,смета Станкоски.
За таа цел, посочи Станкоски, општината го активира и проектот познат стручњак, лекар/ тренер да ги посетува училиштата и да работи со најзабележливите случаи на сколиоза и други слични деформитети. „Мора да внимаваме и на здравјето на учениците: само здрави деца се среќни деца“, додава Станкоски.











