
– Министерството за животна средина поднесе барање до Владата на Албанија за изедначување на мерките за заштита на Охридското Езеро и рибниот фонд со Македонија, каде на сила е целосна забрана за риболов, но не барајте од мене ставови од премиер да кажам кога тоа ќе биде направено. Постојат одредени недоразбирања помеѓу позицијата и опозицијата, но ние во наредниот период планираме да оствариме средба со пратениците во Парламентот за да им ја објасниме потребата од воведување на таквата мерка. – им изјави на новинарите министерот Медиу, кој вчера во Охрид зеде учество на регионалната конференција за интегрирана заштита на речните сливови.
На конференцијата министрите за животна средина од регионот се договорија заеднички да дејствуваат во насока на заштита на речните сливови и водните ресурси кои ги делат. За таа цел беше усвоена Декларација која предвидува конкретни мерки и активности кои се поддржани од владата на Италија и УНДП.
OhridNews












