Мируваа мрежите на пријателскиот натпревар помеѓу Албанија и Македонија, што се одигра во Корча.

Како што јавува дописникот на OhridNews од Корча, првиот дел и припаднал на Македонија, која најзрелата шанса за гол ја имаше преку Кировски.

Во второто полувреме Албанија ја презема иницијативата, но благодарение на одличните одбрани на Нурединоски и на Богатинов во судиското надополнување, Македонија ја сочува својата мрежа, за конечни 0:0.

OhridNews