Албанската влада најави забрана за увоз на автомобили постари од десет години. Министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси, изјави дека Албанија ќе забрани увоз на автомобили  произведени пред 2019 година. Тој објасни дека станува збор за одлука на Владата во Тирана со цел да се заштити животната средина.

Министерот Клоси за албанската телевизија Нењс 24 рече дека мерката е во интерес на граѓаните. Притоа не е даден точен датум на стартот на забраната.

По стартот на плурализмот во Албанија, во земјата се внесени голем број постари автомобили, кои се главните загадувачи на животната средина.

OhridNews

Макфакс