Албанската полиција објави детали околу акцијата во Скадар, каде открила тунел кој бил прилагоден за криење и преработка на наркотици, што е во рамки на мегаоперацијата „Чиста територија“ започната пред неколку месеци на територијата на целата земја.

Беа пронајдени и запленети 65,5 килограми преработена марихуана во форма на чоколада. Во возило од типот комбе паркирано во близина, пронајдени и запленети се 31,5 килограми канабис во шишиња, како и поголема количина воена муниција, стои во објавата на Министерството за внатрешни работи.
Во моментот на интервенцијата осомничените лица не биле пронајдени, но од извршените првични истраги се трага по Н.М.(42) и Б.М. (37), жители на Скадар.
Се додава дека за една недела на територијата на округот се уништени над 19.000 садници канабис и запленети 2.000 семки канабис.
OhridNews
фото. МИА











