Во средата навечер, нешто по поллноќ часот во Охрид, полициски службеници од слобода лишиле три лица од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривични дела „кражба“ и „пустошење на шума“.
Од судија од Основен Суд Охрид на лицата им е изречена мерка притвор по што се предадени во Казнено – поправна установа „Затвор“-Охрид, информира СВР Охрид.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „пустошење шуми, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од струшкото село Мислодежда, како и против уште тројца албанските државјани за сторени казнени дела „пустошење шуми“ и „кражба“.
Пријавениот македонски државјанин во својство на директор на правно лице од Струга, неовластено ги ангажирал албанските државјани за сеча на дрва за која немал одобрение од надлежен орган. Тие се затекнати во нелегална сеча во шумски појас во атарот на селото Песочан-општина Дебарца и приведени од страна на полициските службеници по што, констатирано е дека од почетокот на оваа година, опустошиле 1147 метри кубни буково, дабово и индустриско дрво. Со тоа, пријавените, на Јавното претпријатие „Национални шуми“ и на Шумското стопанство „Галичица“-Охрид, им предизвикале материјална штета од околу два милиони денари, соопшти СВР Охрид.
Во друг случај, полицијата најави пријава против 22-годишен охриѓанец, кој на 22 мај бил приведен во близина на Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“, бидејќи при претрес кај него била пронбајдена опојна дрога марихуана.
OhridNews












