Од страна на Итната медицинска помош, на 12-ти јуни, било пријавено дека во атарот на село Вапила, охридско, при сеча на шума, на место викано „Бел Камен“, на 32-годишно лице од Албанија, со привремен престој во Охрид, околу 16.30 часот му се слошило, по што починал.

Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинитеч телото на починатиот било предадено за обдукција.

OhridNews