Царинската управа на Република Македонија во ноември 2014 година до надлежното јавно обвинителство поднела кривична пријава против двајца албански државјани, заради обид за криумчарење на околу 350 грама златен накит.

Според информации од царината, пријавените на 4-ти ноември 2014 година, со патничко возило со албански регистарски таблички, се пријавиле за излез од Македонија, на граничниот премин Ќафасан. При личен претрес, во џебовите од јакните и во чорапите пронајден е златен накит со втиснати жигови 585 и 750, со вкупна маса од 349 грама.

Инаку во месец ноември, постапувајќи по констатирани неправилности на граничните премини во Република Македонија, Царинската управа поднела уште 12 кривични пријави против правни и физички лица, поради основано сомнение за сторени кривични дела „Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Криумчарење“, „Царинска измама“, „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „Фалсификување на исправа“.

OhridNews