Вчера околу 10,30 часот, од страна на полициска патрола од ПС за ОДГ „Езерска Контрола“, во водите на Охридското езеро во близина на с.Пештани, на околу 4 км оддалеченост од граничната линија со Р Албанија во чамец се затекнати албанските државјани Е.Б.(24) и А.М.(38) како вршат незаконит риболов.


При извршен преглед во чамецот се пронајдени 118 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 10,5 килограми. Од страна на полициските службеници од албанските државјани одземени е чамецот, седум рибарски мрежи и уловената риба. Против албанските државјани е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „незаконит риболов“, а истражен судија им одреди мерка притвор во траење од осум дена.

Ohridnews