На граничниот премин Ќафасан, при личен претрес на двајца албански државјани, кои со патничко моторно возило со албански регистарски таблички, се пријавиле за излез од државата, откриени биле 399 грама златен накит- бурми, обетки, ланци, прстени со дијамантски украс. Накитот е пронајден во внатрешен џеб од јакната на возачот и во чорапите.
Од Царинската управа информираат дека во текот на минатата недела, при контрола на македонски автомобил, извршена на патниот правец Свети Наум – Охрид од страна на мобилните царински тимови, откриени биле и 209 парчиња облека (детски тренерки, долни тренерки, детски блузи, детски фармерки, пижами и блузи), во багажниот простор на возилото. Возачот, македонски државјанин, не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки за пронајдената стока.
Криумчарената стока е одземена.