Вчера , во времето од 06,30 до 07,00 часот, на потегот од село Трпејца до комплексот Свети Наум, на оддалеченост од околу 1000 метри од брегот на Охридското езеро, од страна на полициски службеници  од ПС за ГН „Охридско Езеро“, затекнати се пет албански државјани ,  кои претходно илегално ја преминале границата, како со помош на кајчиња и блинкери вршат незаконски риболов.

При извршен преглед во кајчињата пронајдени се и одземени десет конци со улов на две парчиња риба белвица и едно парче риба клен.

По документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews