12 литри Водка Smirnof и Jagermeister се откриени на граничниот премин Ќафасан при контрола на амбулантно возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин, пријавено за влез во државата.

На прашање на царинските службеници, возачот изјавил дека носи пациенти во болница во Струга и дека нема што да пријави, но при извршената контрола, зад совозачкото седиште, прекриени со црна најлонска кеса се пронајдени две картонски кутии со по шест шишиња Водка Smirnof и ликер Jagermeister.

OhridNews