Вчераутро, на граничниот премин Деве Баир на излез од Македонија, по извршена царинска и пасошка контрола, а потоа и подетална контрола и преглед на автобус со охридски регистарски таблици, од страна на Мобилната единица за прекуграничен криминал, откриени и запленети биле 580 грами опојна дрога марихуана.

Имено, при претресот на автобусот кој сообраќал на релација Охрид – Софија – Охрид, по претрес на багаж на 24- годишниот албански државјанин , во неговата патна торба, пронајдени се шест пакувања марихуана во вкупна тежина од 580 грама.

Албанскиот државјанин е заджан и предаден на надлежните органи во Крива Паланка заради спроведување за понатамошна постапка.

По целосно расчистување на случајот, против албанскиот државјанин ќе следи соодветен поднесок.

OhridNews