Албански хакери денес го блокираа сајтот на ТВ Морис од Охрид, информираат од телевизијата.


 
– Во кусото известие назначено е дека Скопје повеќе не е Скопје, туку SHKUPI. Телевизија Морис става до знаење дека на сопствениот сајт нема ништо антиалбанско. Доколку пречи македонскиот израз (Охридска, Македонска, телевизија), тогаш е грешка што во Македонија е дадена дозвола за македонска телевизија. Очигледно е дека во Македонија најповеќе пречи македонското – изјави за OhridNews, сопственикот на Тв Морис,  Јован Трпески.

По интервенцијатана на телевизијата попладнево сајтотот на Тв Морис е одблокиран и повторно ставен во функција.

OhridNews