Медиумите во Албанија вечерва објавиja дека поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски избегал од Македонија преку Албанија.

Извори на кои се повикуваат и медиумите на албански јазик во земјава, потврдиле дека Груевски ја напуштил Албанија на 11 ноември околу 19 часот преку граничниот премин „Хани Хоти“, од каде влегол во Црна Гора.

Истите извори тврдат дека Груевски избегал со дипломатско возило во сопственост на унгарската амбасада во Тирана.

Како што е познато, Груевски кој правосилно е осуден на казна затвор за случајот „Тенк“ на СЈО, сега се наоѓа во Будимпешта, Унгарија, каде бара политички азил.

Веста дека Никола Груевски избегал од земјава преку Албанија, утрово прв ја пласираше белградскиот дневен весник „Политика“, но таа информација официјално се уште не е потврдена.

OhridNews