Посетата се реализира под покровителство на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, економскиот промотор за Албанија и Косово, Фатос Мустафа, во соработка со Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Македонија, Унијата на тур оператори на Албанија – УТОА и Албанска асоцијација за туризам – ААТ.
Целта е запознавање со туристичките понуди и атракции кои Република Македонија ги нуди, со акцент на ловниот туризам, спортски риболов и планинскиот туризам.
Во текот на посетата тур- операторите ќе го посетат Охрид (Свети Наум, Националниот парк Галичица и Билјанини Извори), Маврово (Национален Парк, реката Радика и село Јанче) и Скопје (Ловниот резерват Јасен и Кањонот Матка).
Членовите на УТОА и ААТ, ќе имаат можност да се сретнат и да ги разменат своите најдобри искуства со операторите од туристичкиот сектор на Македонија, здружението на ловци и спортски риболов, како и да дегустираат традиционална храна и пијалоци од Македонија.
Makfaks