Тур оператори и клучни претставници на медиумите во Тирана ќе се запознаат со туристичките потенцијали кои ги нудат овие два града.
Сите учесници ќе имаат можност да се запознаат со традиционалната манифестација„Денот на Езерото” што се одржува секоја година на 21 јуни. Планирани се средби со сопственици на сместувачки единици, хотелиери, тур оператори како и со градоначалниците на општините Охрид и Струга.
Посетата на Македонија од страна на тур операторите и медиумите од Албанија има за цел да го зголеми интересот на туристи за убавините на Македонија, како и да ги прошири можностите за економска соработка меѓу двете земји.
Makfaks