Градоначалникот Никола Бакрачески, оствари средба со Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во Македонија. Во текот на разговорот од страна на соговорниците беа потврдени одличните врски на Охрид со соседен Поградец, при што беше истакната подготвеност за унапредување на соработката.
Амбасадорот Река изрази подготвеност да помогне да се олеснат граничните процедури за функционирање на бродската линија Охрид–Поградец, како потик во заедничката туристичка понуда на регионот. На средбата беше истакното дека ваквите средби треба да се интензивираат, и да им се помогне на двата крајезерски града Охрид и Поградец, со заедничи проекти полесно да дојдат со средства од европските фондови за развој на целиот регион.
OhridNews












