
„Откако албумот пристигна мора да кажам дека едноставно не можам доволно да го испофалам. Уште од првото слушање го апсорбирав албумот како сунѓер, секоја нота, секоја нијанса, секоја модулација, и моето воодушевување само растеше. Секоја трака на овој албум, и тоа буквално мислам на секоја трака, е есенцијална.
Со македонски корења, Владимир ја однесе својата љубов-музиката во САД, каде помина пет години студирајќи на Беркли колеџот за музика.Тука имаме 100% жива инструментација,гудачи, топли rhodes клавијатури од 70-тите и непогрешлив GRUV.
Јасно е дека овој човек е ултра талентиран и мислам цека од него гледаме само една фракција од тоа што тој може да го понуди. Се наоѓаме на крајот од февруари,сме добиле многу квалитетни изданија-меѓутоа токму ова издание се издигнува над сите нив“, се вели во критиката на Towlerза албумот на охриѓанецот Владимир Четкар.
За да ја прочитате целата критика, кликнете на линкот:
http://www.soulchoonz.com/Album_Reviews/Vladimir_Cetkar.html
ohridnews












