– Во записникот изготвен од надлежен комунален инспектор стои дека во контејнерот за комунален отпад е затекнат медицински отпад, а тоа се констатира и во изјавата во записникот на раководителот на општата болница, истакна Алче.
Тој посочи дека медицинскиот отпад дури и да биде третиран со автохловирање сеуште претставува медицински отпад и не смее да се одлага како комунален отпад.
– Во законот пишува дека само одреден дел може и мора да се третира затоа што претставува опасност при транспорт од пренесување на заразни болести, меѓутоа и при привременото депонирање тој претставува медицински отпад. Автоклав е апарат кој може да уништи дел од вирусите и микробите кои не се отпорни на висока температура, а останатите и натаму претставуваат опасност, рече Алче.
Тој истакна дека тврдењата на Михаилов дека Центарот за јавно здравје безбедно го одлагал медицинскиот отпад се невистинити и запраша зошто доколку е третиран медицинскиот отпад под пареа и висок притисок на него сеуште се читаат етикетите?
Алчев додаде дека Центарот за јавно здравје нема потпишано договор за одлагање медицински и комунален отпад, со што го крши законот.
Во врска со обвинувањата дека работниците на јавното комунално претпријатие кои работат на подигање на отпадод не се вакцинирани, Алче со контра обвинување дека тоа не е направено затоа што Центарот за јавно здравје во октомври минатата година по поднесено барање за вакцинација ги информирал дека нема вакцини. Алче уште обвини дека сега Центарот за јавно здравје го уценува јавното комунално претпријатие со авансно плаќање за да го изврши потребното вакцинирање.
-За вакцинирање на 80 вработени се потребни околу 190.000 денари. Во момнентов Центарот за јавно здравје и општата болница му должат на јавното комунално претпријатие 342.710 денари и бараат од нас авансно да платиме за вакцинирање на нашите работници.-рече Алче.
Тој објасни дека согласно законот ниедно јавно претпријатие не смее да врши авансно плаќање, и не смее да врши плаќање кон субјект кој му должи средства. Алче најави дека доколку до среда не биде извршена вакцинација на работниците, „Комуналец“ ќе поднесе пријава против Михаилов за доведување во опасност на вработените кои работат на подигање на отпадот.