– Нема логика ако се работело позитивно, претпријатието да има толку обврски. Додека бев директор, јавното претпријатие редовно ги сервисираше сите обврски кон доверителите и не ја изневеривме нивната доверба. Сега имам информации дека единствено се води сметка да се обезбедат пари за плати во претпријатието, вели Алчев по денешната прес конференција на ВД директорката Елена Скрческа за состојбата во која се наоѓа претпријатието.
Алчев додава дека нема за цел нешто да демантира, туку да го повика новото раководство од претпријатието да ги искосат и уредат парковите што, додека тој бил директор во претпријатието, редовно се уредувале.
– Граѓаните на кои не им се исчистени улиците или каде што не се коси тревата да ги упатат своите барања до ЈП „Комуналец“ и евентуално, да не ги плаќаат сметките. Како жител во стариот дел од градот размислувам дали да ги платам сметките за јавна чистота, кога пред мојата куќа службите не поминале со недели, вели Алчев.