Тој потенцира дека ЈП Комуналец веќе неколку години по ред успешно работи и дека доказ за тоа се завршните сметки.
– Ќе ги постсетам од ВМРО- ДПМНЕ дека во времето кога на чело на ЈП беше директор од редовите на нивната партија, претпријатието работеше со загуби. Ги имам одлуките на управниот одбор во 2003, од кои се гледа дека е утврдена загуба од над 7 милиони денари, а во 2002 над 13 милиони денари, рече Алчев.
Тој побара Охридски Комуналец да не се вовлекува во шпекулации со кои се нарушува угледот на претпријатието кое е во сопственост на општина Охрид. – Ако не ја гледаат успешноста во работењето, доволно е само да излезат по улиците и во парковите. Во работењето на јавното претпријатие нема политика. Ако продолжат и понатаму со обвинувањата јас сум подготвен да презентирам уште документи со кои ќе може да се направи споредба во однос на успешноста во работењето сега и пред неколку години, изјави Алчев.