Погрешив со формацијата (4-3-3), на Арсенал му остадовме премногу простор во средината на теренот,  а одбраната беше поставено многу длабоко – започна Алегри и додаде.  Во секој случај поразот од Арсенал не ме загрижува, бидејќи ја остварвиме целта се пласиравме во 1/4 финалето, да не се квалификувавме понатаму е тогаш навистина ќе беше тешко.

Менаџерот на “топчиите“, Арсен Венгер тешко ја поднесе елиминацијата од Лигата на Шампиони. Алиби бараше во теренот на Сан Сиро, и во главниот арбитар на реванш мечот словенецот Скомина.

Судијата премногу беше допустлив, секој дуел на средината од теренот го оквалификуваше со фаул. Милан е искусна екипа, и максимално го искористи таквиот критериум на Скомина. Како може во Англија секогаш терените  да се спремни за големи натпревари, а во Милано и останататите земји терените се очајни, затоа јавно кажувам УЕФА да интервенира – истакна Арсен Венгер, менаџерот на “топчиите“.

Елиминацијата на Арсенал, значеше ново фијаско на англиските клубови, во групната фаза куферите ги спакуваа Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, а пред таква судбина е и чтвртиот преставник на англичаните Челси кој по првиот натпревар со Наполи имаат негатива од 3-1.

Мх.П.