Jazz Inn

Од 21.06.2023 - 22:00 до 22.06.2023 - 01:00

Во среда, 21 јуни, со почеток во 22:00 часот, љубителите на џез музиката ќе можат да го проследат соло настапот на шпанскиот пијанист Алехандро Вакеро (Alejandro Vaquero).

Вакеро е музичар и продуцент кој живее во Тулум, Мексико, и константно еволуира во неговата артистичка експресија. Роден во Мадрид, студира класична музика на Конзерваториумот и учи кај некои од живите легенди на пијаното, како Андреј Јасински и Нино Кереселидзе. Во 2012 магистрира модерна хармонија и џез пијано во Мадрид и го снима албумот „Vibration/Light“.

Од 2015 живее во Мексико, каде свири џез, фанк, афробит и други жанрови во повеќе бендови. Во Џез Ин Охрид ќе го промовира годинешниот проект „Glas Glas“.

OhridNews