Фудбалерите на Охрид со победа ги отворија контролните натпревари во зимскиот подготвителен период. „Рибарите“ со 2-0 ја совладаа српска Јагодина.

За прв натпревар после месец и половина пауза изгледавме супер. Гостите подобро го отворија натпреварот, но како што одминуваше времето ние се подобрувавме. Одбраната уште еднаш се покажа како наш добитен адут, задржувајќи ги сите гостински напади додека во нападот искористивме две од неколкуте прилики. Среќни сме за победата, која сигурно ќе делува на нас мотивирачки за подготовките и мечевите кои претстојат. – изјави стрелецот на првиот погодок за Охрид, Александар Целески.

В сабота, Охрид, на домашен терен ќе ги одмери силите со тетовска Ренова, која се подготвува во нашиот град.

OhridNews

 

Охрид триумфираше во тест дуелот со Јагодина