
Ставот на Маленко го пренесуваме во целост:
Почитувани,
медиуми, професионални спортски работници и љубители на олимписки спорт пливање и далечинско пливање во Македонија и светот.
Денес одекна во јавност, нормално за кај нас непроверени информации како е ред во светот на олимписки спорт, дека оваа година НЕМА да се одржи традиционалниот меѓународен Охридски Пливачки Маратон -Св.Наум -Охрид 25км!?
Па следеа разноразни изјави од некомпетентни личности и разноразни политичари и политички чиновници од политички партии – НЕБИТНИ во светот на Олимписки Спорт…
Е сега Вака, ќе одиме со ред (кратко и јасно) а документирано до запирка исклучиво на СУД (согласно закон и ред) во Македонија!
Македонија со одлука на влада 1993г како национален интерес го финансира Меѓународен Охридски Пливачки Маратон како дел од ФИНА светска серија за секоја календарска натпреварувачка сезона и за генерален покровител е институција претседател на држава.
ЧИТАЈ ДОБРО – До 2018г државата преку институции Агенција за Млади и Спорт (годишна програма на пливачка федерација за меѓународни активности и манифестации од национален интерес) добивала 1.200.000ден за организација,а награден фонд беше обезбедуван од Телеком дивиденда за Генерален Покровител – Претседател на Држава 20.000$ !!!
Од 2018г до 2021г беа организирани: Три Меѓународни Традиционално Охридски Пливачки Маратони во ФИНА светска серија -25км (2018,2019,2021г) како и Олимписка Дисциплина ФИНА-светска серија и ЛЕН европски куп (2018,2019,2021г) и ФИНА супер финале 2021г-10км за волја на вистината , еден денар – ЕДЕН ДЕНАР, ДОЛАР, ЕВРО НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ ниту од ДРЖАВА ниту од Генерален Покровител – Претседател на Држава за 2018,2019,2021г на Пливачка Федерација (носител на лиценца за организација) а добиени се Највисоки Награди во историја на Олимписки Спорт и Македонија за техничка организација од ФИНА -9 плакети и Лен -3 плакети на Технички Организатор Пливачка Федерација и нејзино раководство период 2018-2021г !!!
За волја на вистината, постојат видео и аудио материјал, постојат фотографии од дотичните Претседатели на Држава и нивни помошници,директори на агенција за млади и спорт период 2018-2021г кои присуствувале и доделување награди (без НИКАКОВ ФИНАНСИСКИ УДЕЛ ОБЛИГАТОРЕН ПО ЗАКОН).
За крај, најмалку е битно кој е раководство во федерација, туку битно е господа политичари и ваши полтрони во спортот да разберете дека со олимписки спорт и федерација не се игра,а најмалку се замајува јавност преку медиуми и ваши медиумски грачала за ефтини политички поени пред граѓани со лажни резултати и селски приредби кои си ги правите редовно со перење на државни и локални буџети за Ваш личен интерес, а во реалност-ДНО ДНА!!!
Од 2022г ФИНА одлучи дека нема повеќе во светот никаде, светска серија на 25км маратони под ФИНА,а секоја држава и федерација може да си организира локална ил било каква спортска пливачка манифестација без никаква официјална резултатска вредност !!!
Постои олимписка дисциплина-10км далечинско пливање која е во официјална светска серија -ФИНА и ЛЕН Европски Куп -10км олимписка дисциплина.
Бујрум, направете ако Ве бива официјален пливачки маратон,НИКОЈ НЕ ВЕ СПРЕЧУВА, ама за официјален да ви биде во Европа и светот,ќе треба да аплицирате за четиригодишен договор однапред,онака како Јас ставив потпис и спроведив докрај заедно со мој професионален тим,БЕЗ ВИЕ ДА ДАДЕТЕ ДЕНАР КАКО Е ПО ЗАКОН И ПРОГРАМА ОБЛИГАТОРНО,ама затоа сте на суд (до последен со име и презиме)и досега за сите клевети,лаги кон Мене лично и неисплатени финансии од Ваша страна -30.000.000 ден (ТРИЕСЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ без КАМАТА) за пет години,имате две правосилни неспроведени пресуди и Ве чекаат у септември уште минимум две!!!
Ама Господ е еден и тој заедно со мене ќе Ви суди и во Лозана (Спортски Арбитражен Суд-ЦАС) а од таму нема бегање од пресуда и исплата до последен денар!
П.С. лесно е да клеветиш по медиуми,бујрум со факти господа јавно на Тв, да се соочиме пред нашите сограѓани,а Пливачки Маратони Јас со мој професионален тим професионално светски докажано спремам за 96 часа,каде сакате и кога сакате!!!
Ова го пишувам по лично убедување и почит од страна на Петар Јовановски мој спортски професионален колега и заслужен спортист на Македонија,како и на многумина јавни личности од секојдневниот живот,искрени љубители на врвен спорт и поддржувачи на врвен македонски олимписки спорт.
Александар Маленко.
















