Повремениот македонски репрезентативец Александар Митрески доби раскин на неговиот договор со фудбалскиот клуб Сион од Швајцарија.

Како што пренесува веб сајтот macedonianfootball.com, Митрески излажал за неговите посети на казино. Додека клубот добил информации за негови почести „излети“ во казина, тој го тврдел спортивното.

Се уште нема официјална изјава од страна на претседателот на клубот, а Митрески кратко изјавил дека не знае зошто неговиот договор е раскинат.

Управата сметала дека со неговото однесување се нарушиле односите помеѓу играчот и клубот, а и однесувањето на Митрески го рушело имиџот на клубот.

Ohridnews