Поранешниот репрезентативец на Македонија, Александар Митрески ќе ја продолжи интернационалната кариера во Арау.

Митрески во Арау ќе остане до крајот на оваа сезона. Дефанзивниот играч за врска поголемиот дел од својата кариера ја мина во Швајцарија играјќи за екипите на Јанг Бојс, Грасхоперс и Сион.

Митрески не го одработи до крај договорот со Сион кога поради недоразбирања со управата предвреме го напушти клубот.

Во својата кариера тој ги бранеше и боите на германските лигаши Нинберг и Келн.

М.П.