Фудбалерите на Охрид го прекинаа постот од три мечеви без победа во Втората лига, откако на домашен терен со минимални 1-0 го совладаа Вардар Форино. Творец на победата на охридските „сино-бели“ беше Оливер Дишлиевски кој мрежата на противникот ја погоди во 17-та минута од натпреварот.

Александар Ѓорѓиески – Нашата цел пред натпреварот беше победа и освојување на трите бодови, која ја остваривме. Во првиот дел бевме подобар противник и вистинска штета е што не постигнавме уште еден погодок. Во второто полувреме противникот не надигра, но освен една прилика не создаде премногу шанси. Во финишот натпреварот не дозволивме неизвесност пред нашиот гол и ја задржавме минималната предност која ни донесе победа. Во следните две рунди од Втората лига не очекуваат две гостувања и треба максимално да се подготвиме за борба за позитивен резултат. 

Драган Бочески – За Охрид дефинитивно нема лесен бод оваа сезона. Во првото полувреме добро се носевме со фаворитската улога, додека во вториот дел малку ни создаде проблеми. Вреди да се напомене дека мечот го почнавме со три млади охридски фудбалери, а го завршивме со пет. Им честитам на играчите бидејќи се издигнаа над притисокот и одиграа еден добар и квалитетен натпревар.

OhridNews

 

Втора МФЛ: Минимален, но значаен триумф на Охрид